December 31, 2015

ТУЛУМБИ



Потребни состојки:


за тулумби:




  • 250 мл вода
  • 50 мл масло
  • прстофат сол
  • 250 гр брашно
  • 4 јајца
  • за шербет:




  • 600 гр шеќер,
  • 500 мл вода,
  • 1 ванила,

  • Начин на подготовка:

    Подготовка на шербетот:

    Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Откако ке зовријат нека се варат околу 20 мин на среден оган. Во готовиот шербет додајте пола филџанче ладна вода(40мл) и ванилата измешајте и оставете го да олади. 

    Подготовка на тулумбите.

    Водата, маслото и солта ставете ги да зовријат. Додадете го брашното и убаво измешајте го да се изедначи смесата. Оставете ја да олади. Додајте ги јајцата едно по едно и се меси да се добие мазно тесто. Тестото ставете го во шприц за тулумби и пржете ги во поголема количина на масло на средна.
    Пржените тулумби ставајте ги во оладениот шербет, потоа подредете ги во плех и прелијте ги со останатиот шербет. 
    Оставете ги да се оладат, да впијат од шербетот и послужете ги!

    КИСЕЛ КУПУС СО СВИНСКА БУТКИЦА


    Потребни состојки:

    • 1 свежа свинска буткица,
    • 1 кисела зелка,
    • 1 кромид,
    • 1 чешне лук,
    • зејтин или маст,
    • зачинал,
    • бибер,
    • ловоров лист

    Начин на подготовка:

    Буткицата се става во тенџере со вода (водата да ја прекрие буткицата), се остава да проврие а потоа на тивок оган се остава 1,5 до 2 часа да се вари. Киселата зелка се сечка на парчиња (ситни или крупни по желба) заедно со кромидот, се пропржува зелката. Потоа се ставаат во тавче буткицата (се одвојува месото од коската) и зелката, сето ова се полева со расолница и водата што вриеше буткицата, во која се става зачинал, буковец и бибер, вака подготвено се пече еден чаас.

    December 16, 2015

    БОРАНИЈА МАНЏА


    Потребни состојки:

    • 450 грама смрзната жолта боранија,
    • 300 грама свински бут исечкан на коцки, 
    • 1 црвена пиперка (ајварка),
    • 1 морков,
    • 1 кромид,
    • 1 лажица зачинал,
    • магдонос,
    • ловоров лист,
    • 1 филџан зејтин,
    • кечап

    Начин на подготовка:

    Боранијата, пиперката, морковот и кромидот се исечкано на ситни парчиња ги ставам во загреано масло, да се пропржат 1-2 минути. На вака подготвената смеса додавам 1,5 литри вода и ловоров лист и оставам да се варат приближно 1 час. Во друг сад го варам месото (се знае 2,5 часа). Во садот со месото додавам кечап, зачинал, магдонос, сето ова го промешувам за смесата да се соедини. Двете содржини ги соединувам и оставам да се динста уште 15 минути.

    December 12, 2015

    КОМПИР МАНЏА



    Потребни состојки:


    • 0,7 кг компир,
    • 0,3 кг свинско месо, сечкано на коцки,
    • 1 главица кромид,
    • 1 лажица свинска маст,
    • 1 морков,
    • 1 лажица зачинал,
    • 1 кафена лажичка црвен пипер,
    • магдонос,
    • 1/2 пиперка ајварка,
    • кечап.




    Начин на подготовка:

    Месото се остава да се вари на среден оган 2,5 часа. Излупениот компир исечкан на коцки, заедно со исечканиот морков, пиперката и кромидот се пропржуваат во сад со свинска маст и така добиената смеса се става  во тенџере, се долева вода и се вари, додека да се сварат компирите и соедини смесата. На вака подготвената компир манџа го додаваме месото, кечапот, зачиналот, црвениот пипер  и оставаме да се готви уште 15 минути.

    December 6, 2015

    ПОСНА РУСКА САЛАТА


    Потребни состојки:


    • 1/2 кг сварена риба без коски (сом,ослиќ),
    • 1/2 кг обарена златна мешавина за руска салата,
    • 5 парчиња кисели краставички,

    • посен мајонез,

    • 1/2 литар вода,
    • 1 лажица зачинал,
    • (30 грама) 3 лажици густин,
    • 0,1 литар масло за готвење,
    • 1/2 лимунов сок,
    • 2 лажички сенф

    Начин на подготовка:

    Најпрво рибата се сварува и се чисти од коските и се сечка на ситни парќиња. Златаната мешавина се вари и истата се остава да се излади. Краставичките ситно се сечкаат и се соединуваат со претходните состојки, по желба се посолуваат. Со мајонезот се прелива мешавината, добро се соединува и се остава во фрижидер да се излади.

    Посен мајонез:

    Во водата се става зачиналот и се става да се вари, кога ќе проврие во водата се ставаат 3 лажици густин и се вари на рингла се додека смесата не се згусне. Вака се прави за да не се направат топчиња. Кога масата ќе се згусне се трга од рингла и се мати со миксер со додавање на капка по капка зејтин. Се додава сокот од лимун и сенфот и се добро се соединува. 





    November 19, 2015

    СВИНСКИ БЕЛ ЏИГЕР


    Потребни состојки:

    • 1 кг. Свински бел џигер,
    • 1 главица кромид,
    • 1 чешне лук,
    • 1 целер,
    • ловоров лист,
    • 50 мл. масло за јадење,


    Начин на подготовка:

    Сите состојки освен маслото за јадење, се ставаат во тенџере со вода и сето тоа се готви 3 часа. Потоа џигерот се цеди и се сечка на ситни парчиња, и се одвојуваат деловите кои не се за јадење. Вака подготвениот џигер се става во тава,се додава маслото и сето тоа се става во загреана рерна. Се пече 10 минути. 

    November 14, 2015

    МАКАРОНИ СО СПАНАЌ И СИРЕЊЕ


    Потребни состојки:


    • Макарони дивела 500грама,
    • Спанаќ 500 грама,
    • Урда 500 грама,
    • млеко 1/2 литар,
    • 1 јајце,
    • кромид,
    • зачинал,
    • 1 лажица брашно,
    • 1 филџан масло



    Начин на подготовка:

    Спанаќот се обарува 40 минути на среден оган, исто така на среден оган се варат и макароните 50 минути. Во голем сад, се запржува кромидот во загреано масло, потоа во запршката се додава брашното и се пржи се додека не зарумени. На вака подготвената подлога се додава 1/4 литар млеко и се меша потоа се додава обарениот спанаќ и остатокот од млекото во кое се става 1 јајце и се меша. Ова е моментот кога се додава и урдата. Ваквата смеса се меша и термички обработува на тивок оган додека не се соедини, односно масата не биде компактна. Кога масата е компактна се додаваат варените макарони, сето ова се меша на тивок оган додека не се соедини смесата,
    Na kraj se ova se stava vo tavce i se potpekuva.
    Овие состојки се потребни за 4 лица.

    November 1, 2015

    БРИСЕЛСКИ ЗЕЛКИЧКИ (ПРОКЕЉ) СО ЈАБОЛКО

    Потребни состојки:


    • 300 грама прокељ,
    • 1 јаболко
    • зејтин,
    • бибер,
    • сол,

    Начин на подготовка:

    Се чистат бриселските зелкички (горните делови се лупат и тврдите делови на долниот дел се отсекуват) потоа истите се делат на два дела. Вака подготвените бриселските зелкички се наредуваат на тавче со малку масло и се посипуваат со вода, после 15-тина минути истите се превртуваат и така се обаруваат 15-тина минути. После ова се доддаваат исецканите коцки јаболко, и заедно се динстаа уште 5 минути.

    October 22, 2015

    ПЕЧЕНА СКУША



    Потребни состојки:

    • 3 риби скуши,
    • 1 китка магдонос,
    • 2 чешниња лук,
    • 100 мл. јаболков оцет,
    • 100 мл. бело вино,
    • 1 лажица зачинал,
    • 1 филџан зејтин

    Подготовка:

    На веќе одмрзнатите риби им се пресекуваат главите, опашките и перките. Се пресекуваат на половина и убаво се чистат, да нема никаква крв, а има и нешто црно што треба да се извади. Така подготвената скуша се полни со смесата направена од лук и магдонос потопена во миксот од јаболков оцет и бело вино, остатокот го полеав низ тавчето. Така поставените риби ги премачкав со зејтин  сето ова го поставив во рерна и го печев 45 минути. После печењето смесата со која беа наполети рибите ја извадив, и рибите ги сервирав во тањир и ги декорирав повторно со магдонос и лимон.

    ГРАВЧЕ НА ТАВЧЕ



    Потребни состојки:


    • 300 грама грав,
    • 1 морков,
    • 1 кромид,
    • 1 лажиче црвен пипер,
    • 1 филџан зејтин,
    • 1 лажица вегета



    Подготовка:

    Гравот се остава да кисне цела ноќ во малку вода (да го покрие гравот). Утредента најпрво силно го зовривам гравот на 3-ка 15-20 минути, ја фрлам водата и го мијам гравот и тенџерето. Во тенџерето сега го ставам гравот, главица кромид ситно исечкана и морков ситно сечкан вака подготвеното тенџере се става на (2-ка) тивок оган 2,5 часа. На вака сварениот грав му се додава смесата од зејтин со црвен пипер и вегета се промешува и се разделува во 4 земјани тавчиња. Тавчињата се ставаат во загреана рерна се пече 35 минути на 220 степени.

    October 12, 2015

    ПРИНЦЕС КРОФНИ (ЕКЛЕРИ)


    Потребни состојки:

    за тесто:


    • Брашно.
    • масло.
    • јајца.
    • сол
    (или се купува готово во стокомак)

    за фил: 

    • 1л млеко.
    • 130 гр. густин (нишесте).
    • 10 лажици шеќер.
    • 3 жолчки.
    • 150 гр. маргарин.
    • 1 ванилин шеќер

    Подготовка:

    Сварете 1 литар млеко со 10 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер. Промешајте го густинот со малку млеко, жолчка и додадете го во млекото со непрекинато мешање. Кога филот е готов додадете го маргаринот и мешајте додека смесата не се соедини.
    Веќе подготвените принцес крофни ги сечете и ги полните со филот. Така подготвените принцес крофни ги преливате со шеќер во прав и течно чоколадо.

    October 7, 2015

    ПИЦА СО ПИПЕРКИ



    Потребни состојки:


    • готово тесто за пица од Стокомак
    • 2 црвени бабури
    • 2 зелени бабури
    • Пекабеско свинска шунка од Тинекс
    • рузмарин
    • кравји кашкавал рендан со крупно ренде
    • кечап 
    • печурки од Бонум


    Подготовка:

    Тавата се премачкува со зејтин. Тестото за пица што претходно треба да биде одмрзнато, му се става кечап и се размачкува со лажица. Се ренда кашкавалот со крупната страна од рендето. Шунката се сече на четвртинки и парчињата се  нанесуваат. Печурките се сечат на покрупни делови и се нанесуваат. Зелените и црвените бабури се сечат на кругови и се нанесуваат. Се попрскува со рузмарин. Се става да се пече во шпоретот на дедо и баба на 250 степени, 50 минути. 

    October 6, 2015

    МУСАКА


    Потребни состојки:



    • 1/2 килограм мелено месо;
    • 0,8 килограми компири;.
    • 1/2 литар млеко;
    • 2 јајца:
    • кромид;
    • зачинал;
    • масло за јадење


    Подготовка:

    Ги лупите компирите и истите ги сечкате во форма како што е компирот со дебелина 4 милиметри. Во сад со загреано масло за јадење, го ставате ситно исечканиот кромид и истиот го пропржувате, во истиот сад го додавате меленото месо потребно е да го разбиете месото со пржење, се додека не се добијат ситни месни гранулати месото го оставате на термичка обработка за тој период цело време го промешувате месото и кромидот.
    Во сад го ставате млекото, јајцата, зачиналот и сето тоа го мешате додека не се соедини смесата.
    Во земјена тава ставате еден ред компири потоа го ставате месото и на крај уште еден ред компири. Вака подготвената тава се посипува со млечната смеса, истата се става во рерна и се вклучува на 250 вака се пече 35 минути со вклучена рерна (во шпоретот на мајками 60 минути), се исклучува рерната, а храната се остава во така загреаната рерна.

    October 1, 2015

    ПИЛЕШКИ БАТАЦИ СО ОРИЗ


    Потребни состојки:

    • 300 грама ориз,
    • 3 пилешки батаци,
    • кромид, вегета,
    • малку масло за готвење

    Подготовка:

    Пилешките батаци термички се обработуваат, односно се обаруваат (45 минути на 2-ка ). За тој период оризот го чистите, кромидот ситно го сецкате и малку термички го обработувате во масло за готвење (го пржите).Кромидот и оризот заедно ги поставувате во тавче, едноставно правите подлога од состојките, а на подлогата ги ставате термички обработените пилешки батаци. Сето ова го посипувате со 1,2 литри млака вода во која има една лажица вегета.  Вака подготвеното јадење  се пече во рерна 35 минути на 250, се исклучува шпоретот и се остава така уште да се пече во загреаната рерна.

    September 27, 2015

    ПИРЕ СО ПИЛЕШКО


    Потребни состојки:

    • Пире од компири (Панорама Дооел Охрид)
    • Пиле  (Пиле на жар 200 МКД)

    Подготовка:


    Се зема 40 грама од пирето се става во сад каде се додава и 3децилитри млеко,  оваа смеса се меша се додека не се добие убава маса (пире) и истото термички се обработува на шпорет (5 минути). Потоа се сервира, на сервираното пире му се додава испржен зејтин. Ова е смеса за 2 особи.
    Пилето се купува и така се добива прекрасен ручек.  

    August 16, 2015

    ПЕЧЕНИ КРЦКАВИ КОМПИРИ


    Потребни артикли:




    • 1 кг компир,
    • зачин, црн пипер, кари
    • малку масло за готвење
    • 1-2 чешниња лук



    Подготовка:


    Компирите измијте ги и излупете ги, а лукчето само излупете го. Излупениот компир исечкајте го на помали парчиња. Во поголем сад, зовријте вода и ставете ги компирите. Варете ги околу 3-4 минути. На овој начин испечените компири ќе станат крцкави. Во сад за печење, ставете ги компирите, зачинете, ставете масло за готвење, лукчето, кари и се останато по желба. Промешајте и печете на 200 степени, околу 35-40 минути со повремено мешање.




    СВИНСКИ ГУЛАШ






    Потребни артикли:


    • 500 г свинско месо од бут
    • 2 главици кромид
    • масло
    • 200 мл супа од коцка
    • сол
    • бибер
    • зачинал
    • мелен црвен пипер
    • 1 китка магдонос


    Подготовка: 



    Кромидот ситно исечкајте го, малку посолете го и пржете го во загреано масло. Кромидот динстајте го на тивок оган додека не зарумени. Потоа додадете го месото исечено на коцки и динстајте го 15 минути. Сето тоа прелијте го со супата од коцка и зачинете го со сол, бибер, зачинал и мелен црвен пипер. Гулашот варете го додека смесата не се згусне. Пред сервирање посипете го со ситно сечканиот магдонос.