Потребни состојки:
- 300 грама ориз,
- 3 пилешки батаци,
- кромид, вегета,
- малку масло за готвење
Подготовка:
Пилешките батаци термички се обработуваат, односно се обаруваат (45 минути на 2-ка ). За тој период оризот го чистите, кромидот ситно го сецкате и малку термички го обработувате во масло за готвење (го пржите).Кромидот и оризот заедно ги поставувате во тавче, едноставно правите подлога од состојките, а на подлогата ги ставате термички обработените пилешки батаци. Сето ова го посипувате со 1,2 литри млака вода во која има една лажица вегета. Вака подготвеното јадење се пече во рерна 35 минути на 250, се исклучува шпоретот и се остава така уште да се пече во загреаната рерна.
No comments:
Post a Comment