Потребни состојки:
- 0,7 кг компир,
- 0,3 кг свинско месо, сечкано на коцки,
- 1 главица кромид,
- 1 лажица свинска маст,
- 1 морков,
- 1 лажица зачинал,
- 1 кафена лажичка црвен пипер,
- магдонос,
- 1/2 пиперка ајварка,
- кечап.
Начин на подготовка:
Месото се остава да се вари на среден оган 2,5 часа. Излупениот компир исечкан на коцки, заедно со исечканиот морков, пиперката и кромидот се пропржуваат во сад со свинска маст и така добиената смеса се става во тенџере, се долева вода и се вари, додека да се сварат компирите и соедини смесата. На вака подготвената компир манџа го додаваме месото, кечапот, зачиналот, црвениот пипер и оставаме да се готви уште 15 минути.
No comments:
Post a Comment