Потребни состојки:
- 450 грама смрзната жолта боранија,
- 300 грама свински бут исечкан на коцки,
- 1 црвена пиперка (ајварка),
- 1 морков,
- 1 кромид,
- 1 лажица зачинал,
- магдонос,
- ловоров лист,
- 1 филџан зејтин,
- кечап
Начин на подготовка:
Боранијата, пиперката, морковот и кромидот се исечкано на ситни парчиња ги ставам во загреано масло, да се пропржат 1-2 минути. На вака подготвената смеса додавам 1,5 литри вода и ловоров лист и оставам да се варат приближно 1 час. Во друг сад го варам месото (се знае 2,5 часа). Во садот со месото додавам кечап, зачинал, магдонос, сето ова го промешувам за смесата да се соедини. Двете содржини ги соединувам и оставам да се динста уште 15 минути.
No comments:
Post a Comment