Потребни артикли:
- 1 кг компир,
- зачин, црн пипер, кари
- малку масло за готвење
- 1-2 чешниња лук
Подготовка:
Компирите измијте ги и излупете ги, а лукчето само излупете го. Излупениот компир исечкајте го на помали парчиња. Во поголем сад, зовријте вода и ставете ги компирите. Варете ги околу 3-4 минути. На овој начин испечените компири ќе станат крцкави. Во сад за печење, ставете ги компирите, зачинете, ставете масло за готвење, лукчето, кари и се останато по желба. Промешајте и печете на 200 степени, околу 35-40 минути со повремено мешање.
No comments:
Post a Comment