December 31, 2015

ТУЛУМБИ



Потребни состојки:


за тулумби:




  • 250 мл вода
  • 50 мл масло
  • прстофат сол
  • 250 гр брашно
  • 4 јајца
  • за шербет:




  • 600 гр шеќер,
  • 500 мл вода,
  • 1 ванила,

  • Начин на подготовка:

    Подготовка на шербетот:

    Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Откако ке зовријат нека се варат околу 20 мин на среден оган. Во готовиот шербет додајте пола филџанче ладна вода(40мл) и ванилата измешајте и оставете го да олади. 

    Подготовка на тулумбите.

    Водата, маслото и солта ставете ги да зовријат. Додадете го брашното и убаво измешајте го да се изедначи смесата. Оставете ја да олади. Додајте ги јајцата едно по едно и се меси да се добие мазно тесто. Тестото ставете го во шприц за тулумби и пржете ги во поголема количина на масло на средна.
    Пржените тулумби ставајте ги во оладениот шербет, потоа подредете ги во плех и прелијте ги со останатиот шербет. 
    Оставете ги да се оладат, да впијат од шербетот и послужете ги!

    КИСЕЛ КУПУС СО СВИНСКА БУТКИЦА


    Потребни состојки:

    • 1 свежа свинска буткица,
    • 1 кисела зелка,
    • 1 кромид,
    • 1 чешне лук,
    • зејтин или маст,
    • зачинал,
    • бибер,
    • ловоров лист

    Начин на подготовка:

    Буткицата се става во тенџере со вода (водата да ја прекрие буткицата), се остава да проврие а потоа на тивок оган се остава 1,5 до 2 часа да се вари. Киселата зелка се сечка на парчиња (ситни или крупни по желба) заедно со кромидот, се пропржува зелката. Потоа се ставаат во тавче буткицата (се одвојува месото од коската) и зелката, сето ова се полева со расолница и водата што вриеше буткицата, во која се става зачинал, буковец и бибер, вака подготвено се пече еден чаас.

    December 16, 2015

    БОРАНИЈА МАНЏА


    Потребни состојки:

    • 450 грама смрзната жолта боранија,
    • 300 грама свински бут исечкан на коцки, 
    • 1 црвена пиперка (ајварка),
    • 1 морков,
    • 1 кромид,
    • 1 лажица зачинал,
    • магдонос,
    • ловоров лист,
    • 1 филџан зејтин,
    • кечап

    Начин на подготовка:

    Боранијата, пиперката, морковот и кромидот се исечкано на ситни парчиња ги ставам во загреано масло, да се пропржат 1-2 минути. На вака подготвената смеса додавам 1,5 литри вода и ловоров лист и оставам да се варат приближно 1 час. Во друг сад го варам месото (се знае 2,5 часа). Во садот со месото додавам кечап, зачинал, магдонос, сето ова го промешувам за смесата да се соедини. Двете содржини ги соединувам и оставам да се динста уште 15 минути.

    December 12, 2015

    КОМПИР МАНЏА



    Потребни состојки:


    • 0,7 кг компир,
    • 0,3 кг свинско месо, сечкано на коцки,
    • 1 главица кромид,
    • 1 лажица свинска маст,
    • 1 морков,
    • 1 лажица зачинал,
    • 1 кафена лажичка црвен пипер,
    • магдонос,
    • 1/2 пиперка ајварка,
    • кечап.




    Начин на подготовка:

    Месото се остава да се вари на среден оган 2,5 часа. Излупениот компир исечкан на коцки, заедно со исечканиот морков, пиперката и кромидот се пропржуваат во сад со свинска маст и така добиената смеса се става  во тенџере, се долева вода и се вари, додека да се сварат компирите и соедини смесата. На вака подготвената компир манџа го додаваме месото, кечапот, зачиналот, црвениот пипер  и оставаме да се готви уште 15 минути.

    December 6, 2015

    ПОСНА РУСКА САЛАТА


    Потребни состојки:


    • 1/2 кг сварена риба без коски (сом,ослиќ),
    • 1/2 кг обарена златна мешавина за руска салата,
    • 5 парчиња кисели краставички,

    • посен мајонез,

    • 1/2 литар вода,
    • 1 лажица зачинал,
    • (30 грама) 3 лажици густин,
    • 0,1 литар масло за готвење,
    • 1/2 лимунов сок,
    • 2 лажички сенф

    Начин на подготовка:

    Најпрво рибата се сварува и се чисти од коските и се сечка на ситни парќиња. Златаната мешавина се вари и истата се остава да се излади. Краставичките ситно се сечкаат и се соединуваат со претходните состојки, по желба се посолуваат. Со мајонезот се прелива мешавината, добро се соединува и се остава во фрижидер да се излади.

    Посен мајонез:

    Во водата се става зачиналот и се става да се вари, кога ќе проврие во водата се ставаат 3 лажици густин и се вари на рингла се додека смесата не се згусне. Вака се прави за да не се направат топчиња. Кога масата ќе се згусне се трга од рингла и се мати со миксер со додавање на капка по капка зејтин. Се додава сокот од лимун и сенфот и се добро се соединува.