Потребни состојки:
- 3 риби скуши,
- 1 китка магдонос,
- 2 чешниња лук,
- 100 мл. јаболков оцет,
- 100 мл. бело вино,
- 1 лажица зачинал,
- 1 филџан зејтин
Подготовка:
На веќе одмрзнатите риби им се пресекуваат главите, опашките и перките. Се пресекуваат на половина и убаво се чистат, да нема никаква крв, а има и нешто црно што треба да се извади. Така подготвената скуша се полни со смесата направена од лук и магдонос потопена во миксот од јаболков оцет и бело вино, остатокот го полеав низ тавчето. Така поставените риби ги премачкав со зејтин сето ова го поставив во рерна и го печев 45 минути. После печењето смесата со која беа наполети рибите ја извадив, и рибите ги сервирав во тањир и ги декорирав повторно со магдонос и лимон.