Потребни состојки;
- шпагети (дивела),
- 1/2 кг мелено говедско месо,
- 1/2 кг (мало) томатело,
- 1 морков,
- 1 кромид,
- 2 лажици зачинал,
- 1 филџан зејтин,
Начин на подготовка:
Шпагетите се ставаат во сад да се варат, претходно во водата се додава 1 лажица зачинал. За тоа време во друг сад се пропржува кромидот со морковот, а потоа се додава и месото, се пржи се додека смесата не се соедини. Кога месото е разбиено на ситни парченца, во садот се додава томателото и остатокот од зачиналот, се остава да се вари 1 час.
На сварените шпагети сервиани во чинија, се додава прелив од томателото со месните парченца.