Потребни состојки:
- Мелено месо (700 грама),
- сланина (150 грама),
- свинска маст (150 грама) ,
- 1 зелка,
- ориз (50 грама) ,
- 1 главица кромид,
- 1 парче праз,
- црн пипер,
- црвен пипер,
- зачинал,
- сол и магдонос,
Начин на подготовка:
Ставете го месото во поголем сад. Насечкајте го ситно кромидот, ставете го во месотo, потоа насечкајте ситно 50 гр. сланина и ставете ја во месото, магданосот, оризот, црвениот
пипер, маста, посолете по вкус и измесете го месото убаво со се сите состојци. Земете ја зелката и вадете листови. oтсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми - (големина по желба). Во по длабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Остатокот од сланината исечете го на листови и ставајте го меѓу сармите. Одкако ќе се направат сармите, залејте ги ако не е многу кисела зелката со расолница, а ако е кисела тогаш ставете вода. На дното и на горната површина од садот се сечка од зелката и се става за да не загори. Садот се става на загреана плоча на максимум 10-12 минути (додека да зоврие) се враќа на 2-ка и се остава да се вари најмалку 2 часа.
No comments:
Post a Comment