January 7, 2016

СВИНСКИ ВРАТ СО КОМПИРИ


Потребни состојки:

  • 4 парчиња свински врат (700 грама),
  • компири (800 грама),
  • 2 лажици свинска маст,
  • 1 лажица зачинал,
  • 1/2 филџан масло

Начин на подготовка:

Свинскиот врат се маринира со маслото и зачиналот, се остава во фрижидер да отстои најмалку половина час. Компирот се лупи и се сечка на парчиња дебели 5 mm. Компирот и свинскиот врат се ставаат во тепсија во која се додава и свинската маст, Сето ова се затвара со алуминиумска фолија и се пече 1,5 часа. После 1 час може да се отвори фолијата и да се промеша и повторно да се затвори.

No comments:

Post a Comment