March 8, 2016

СПАНАЌ СО ОРИЗ

Потребни состојки:

  • Спанаќ (400 грама),
  • свинска маст,
  • ориз (300 грама) ,
  • 4 јајца,
  • 1 главица кромид,
  • црн пипер,
  • зачинал,

Начин на подготовка:


Спанаќот убаво се чисти и мие, потоа термички се обработува, односно се обарува . Потоа заедно со исчистениот ориз, ситно исечканиот кромид и спанаќот малку термички го обработувате во масло за готвење (го пржите). Спанаќот, Кромидот и оризот заедно ги поставувате во тавче, едноставно правите подлога од состојките. Сето ова го посипувате со 1,2 литри млака вода во која има една лажица вегета.  Вака подготвеното јадење  се пече во рерна 35 минути на 250, се исклучува шпоретот и се ставаат јајцата и се остава така уште да се пече во загреаната рерна.

No comments:

Post a Comment