November 19, 2015

СВИНСКИ БЕЛ ЏИГЕР


Потребни состојки:

  • 1 кг. Свински бел џигер,
  • 1 главица кромид,
  • 1 чешне лук,
  • 1 целер,
  • ловоров лист,
  • 50 мл. масло за јадење,


Начин на подготовка:

Сите состојки освен маслото за јадење, се ставаат во тенџере со вода и сето тоа се готви 3 часа. Потоа џигерот се цеди и се сечка на ситни парчиња, и се одвојуваат деловите кои не се за јадење. Вака подготвениот џигер се става во тава,се додава маслото и сето тоа се става во загреана рерна. Се пече 10 минути. 

November 14, 2015

МАКАРОНИ СО СПАНАЌ И СИРЕЊЕ


Потребни состојки:


  • Макарони дивела 500грама,
  • Спанаќ 500 грама,
  • Урда 500 грама,
  • млеко 1/2 литар,
  • 1 јајце,
  • кромид,
  • зачинал,
  • 1 лажица брашно,
  • 1 филџан масло



Начин на подготовка:

Спанаќот се обарува 40 минути на среден оган, исто така на среден оган се варат и макароните 50 минути. Во голем сад, се запржува кромидот во загреано масло, потоа во запршката се додава брашното и се пржи се додека не зарумени. На вака подготвената подлога се додава 1/4 литар млеко и се меша потоа се додава обарениот спанаќ и остатокот од млекото во кое се става 1 јајце и се меша. Ова е моментот кога се додава и урдата. Ваквата смеса се меша и термички обработува на тивок оган додека не се соедини, односно масата не биде компактна. Кога масата е компактна се додаваат варените макарони, сето ова се меша на тивок оган додека не се соедини смесата,
Na kraj se ova se stava vo tavce i se potpekuva.
Овие состојки се потребни за 4 лица.

November 1, 2015

БРИСЕЛСКИ ЗЕЛКИЧКИ (ПРОКЕЉ) СО ЈАБОЛКО

Потребни состојки:


  • 300 грама прокељ,
  • 1 јаболко
  • зејтин,
  • бибер,
  • сол,

Начин на подготовка:

Се чистат бриселските зелкички (горните делови се лупат и тврдите делови на долниот дел се отсекуват) потоа истите се делат на два дела. Вака подготвените бриселските зелкички се наредуваат на тавче со малку масло и се посипуваат со вода, после 15-тина минути истите се превртуваат и така се обаруваат 15-тина минути. После ова се доддаваат исецканите коцки јаболко, и заедно се динстаа уште 5 минути.