- 4 парчиња свински врат (700 грама),
- компири (800 грама),
- 2 лажици свинска маст,
- 1 лажица зачинал,
- 1/2 филџан масло
Начин на подготовка:
Свинскиот врат се маринира со маслото и зачиналот, се остава во фрижидер да отстои најмалку половина час. Компирот се лупи и се сечка на парчиња дебели 5 mm. Компирот и свинскиот врат се ставаат во тепсија во која се додава и свинската маст, Сето ова се затвара со алуминиумска фолија и се пече 1,5 часа. После 1 час може да се отвори фолијата и да се промеша и повторно да се затвори.