August 16, 2015

ПЕЧЕНИ КРЦКАВИ КОМПИРИ


Потребни артикли:




  • 1 кг компир,
  • зачин, црн пипер, кари
  • малку масло за готвење
  • 1-2 чешниња лук



Подготовка:


Компирите измијте ги и излупете ги, а лукчето само излупете го. Излупениот компир исечкајте го на помали парчиња. Во поголем сад, зовријте вода и ставете ги компирите. Варете ги околу 3-4 минути. На овој начин испечените компири ќе станат крцкави. Во сад за печење, ставете ги компирите, зачинете, ставете масло за готвење, лукчето, кари и се останато по желба. Промешајте и печете на 200 степени, околу 35-40 минути со повремено мешање.




СВИНСКИ ГУЛАШ






Потребни артикли:


  • 500 г свинско месо од бут
  • 2 главици кромид
  • масло
  • 200 мл супа од коцка
  • сол
  • бибер
  • зачинал
  • мелен црвен пипер
  • 1 китка магдонос


Подготовка: 



Кромидот ситно исечкајте го, малку посолете го и пржете го во загреано масло. Кромидот динстајте го на тивок оган додека не зарумени. Потоа додадете го месото исечено на коцки и динстајте го 15 минути. Сето тоа прелијте го со супата од коцка и зачинете го со сол, бибер, зачинал и мелен црвен пипер. Гулашот варете го додека смесата не се згусне. Пред сервирање посипете го со ситно сечканиот магдонос.