May 27, 2020

ЈАГНЕШКА ПЛЕШКА

Потребни состојки:

  • Јагнешка плешка,
  • 1 кг компири
  • 300 грама печурки,
  • 3 лажици сенф,
  • 1 лажица зачинал,
  • 1 филџан зејтин,
  • 1 дл бело вино

Начин на подготовка:

Јагнешката плешка се става во тавата од шпотетот, се ставаат и сите останати состојки во тавата, освен печурките и компирите. Со сенфот се премачкува плешката. Се покрива со алу-фолија и се пече на 200 степени 2 часа, се вади се превртува се затвора со алу-фолија и повторно уште 2 часа се пече. Се вади алу- фолијата, се ставаат компирите и печурките, се пече 20 минути, се вади се превртува и се пече учте 20 минути. Резултатот е прикажан на сликата.

April 16, 2020

Посна пица



Потребни состојки:




  • 600 грама брашно,
  • 1 лажица шеќер,
  • 1 лажица сол,
  • 3 лажици зејтин,
  • 1/2 свеж квасец,
  • 3/2 филџани млака вода од браво кафе,
  • 2 тиквици,
  • кечап,
  • 200гр. свежи шампињони
  • маслинки


Начин на подготовка:

Брашното, шеќерот, солта, зејтинот, квасецот и водата ги замесуваме, додека не добиеме компактна смеса која ја оставаме да одстои 1,5 часа на дневна температура. Вака одстоената смеса ја делиме на четири еднакви дела (во четири тепсии). Најпрвин секоја пица ја посипуваме со кечап, а потоа, над ова ставаме рендан растителен кашкавал, потоа ги редиме печурките, потоа сечканите тиквици и најгоре кромидот и маслинките. Се пече во рерна 10 минути на температура од 210 степени.

March 9, 2020

Јагнешки џигер

Потребни состојки:


  • 800 грама јагнешки дроб,
  • 3 главици кромид,
  • 1 лажица кечап,
  • 100 грама бело вино,
  • ловоров лист,
  • 1 лажица оцет,
  • зачинал,
  • буковка,
  • сол,
  • лук



Начин на подготовка:

Јагнешкиот дроб најпрвин добро го миеме, а потоа го вариме. Вака сварениот дроб најпрвин се лади а потоа се сецка на средни парчиња. Кромидот се сецка на парчиња и се пропржува на масло, додека не добие златно жолта боја, потоа се додава јагнешкиот дроб, кечапот, виното, 1 лажица оцет,црниот пипер, и ситно исецканиот лук. Се остава на средна температура да крчка. На крајот се додава буковката.