September 9, 2016

Салата од макарони

Потребни состојки:

  • 500 гр макарони,
  • 200 гр. кисели краставички,
  • 200 гр. салама (вид по желба),
  • 200 гр. ореви,
  • 2-3 лажици мајонез,
  • 200 гр. бело цврсто сирење,
  • 500 гр. кисела павлака

Начин на подготовка:

Сварете ги макароните, па исплакнете ги со ладна вода и оставете да се исцедат.
Краставичките и саламата исецкајте ги на ситни коцкички, а оревите ставете ги во најлонска кеса за замрзнување и со чукот истолчете ги.
Во поголем сад ставете ги процедените макарони, саламата, краставичките, толчените ореви, нарендајте го на крупната страна на рендето сирењето, промешајте и додадете ги на крај мајонезот и павлаката. Внимателно измешајте се убаво и по потреба посолете.
Салатата сервирајте ја во длабоки чинивчиња и служете ја пред гости или во домашна атмосфера за појадок/вечера.